Загина каскадерка на снимањето на „Deadpool 2“

Каскадерка загина на снимањето на вториот дел од филмот “Deadpool” во Ванкувер при изведување сцена со мотор.

Полицијата потврди дека станува збор за жена и не откри повеќе детали за несреќата.

Премиерата на “Deadpool 2” e закажана за јуни 2018, а главната улога ја толкува Рајан Рејнолдс.

Рејнолдс на својот твитер налог изрази длабоко сочуство за загубата на членот од екипата.