Загина ќерката на поранешниот финансиер на „Хајдук“

Загина ќерката на поранешниот финансиер на „Хајдук“
Загина ќерката на поранешниот финансиер на „Хајдук“

Ќерката на некогашниот финансиер на фудбалскиот клуб Хајдук, Никола Џомба, Марија Џомба, загина утрово на патиштата во Србија, пренесува српски Ало.

Таа го изгуби животот во тешка сообраќајка во која се повредени петмина.

Според информациите Марија возела „тојота“, кога од засега неутврдени причини, преминала на другата линија и директно се судрила со автобус полн со патници.

Четириесетгодишната Марија без свест и во критична состојба е пренесена во болница, каде по кратко време и подлегна на повредите.