Крими хроника

Загина Македонец во сообраќајка во Косово

Загина Македонец во сообраќајка во Косово

Во сообраќајна несреќа, што се случила во близина на селото Дурај, кај Качаник, животот го загубил македонскиот државјанин Б.З.(28).

Според полицијата причина за несреќата била неприлагодената брзина според условите на патот, поради што возачот на автомобилот БМВ ја изгубил контролата, по што возилото излетало од патот и паднало во бездна. Во сообраќајката со повреди се здобиле уште две лица кои биле во возилото.

„Возачот Б.З. се здобил  со тешки повреди и починал на самото место. Веднаш пристигнала итна помош, но лекарот само констатирал смрт. Двете други повредени лица се транспортирани во болницата во Урошевац“, изјави портпаролот на регионаната полиција Агим Гаши.

Истражен судија наредил обдукција на телото на починатиот.