Загина маж, повредени жена и три деца во сообраќајка на автопатот Неготино – Демир Капија

Маж загина, а жена и три деца се повредени во сообраќајна несреќа која утринава се случила на автопатот А1 Неготино- Демир Капија, во близина на хотел „Парк“.

Во несреќата починал совозачот во возилото маж на возраст од 55 години од Србија.  Жената возач се здобила со тешки повреди, додека трите деца кои биле на задните седишта на возраст од 10, 8 и една година се со телесни повреди. Повредените се пренесени во Медициснкиот центар во Велес.

На лице место е излезен и Јавен обвинител, увидот е завршен, се расчистува коловозот.