Загина млад велешанец, изгубил контрола над моторот

Трагедија во Велес, загина млад мотоциклист.

Едно лице загина на лице место во сообраќајна незгода која се случила во раните утрински часови во Велес, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Според првчните информации, околу пет часот, на улицата Благој Ѓорев, 29-годишниот Јане Ц.  изгубил контрола над мотоциклот „квинки“ и  удрил во земјен канал. Од здобиените повреди загинал на лице место.

Смртта е констатирана од страна на лекарски тим, а телото на покојниот е предадено на обдукција. Полицијата работи на расчистување на несреќата.