Загина младо момче во сообраќајка во Опае

Дваесет годишно момче го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случил вчера вечерта околу 21:20 часот на регионален пат Куманово-село Липково, во село Опае.

Од МВР информираат дека М.А. (20) од с.Отља-општина Липково, управувајќи патничко возило „форд-фокус“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во бетонски столб.

-Со повреди се здобиле возачот М.А. и сопатникот А.Е., кои биле пренесени во Општа болница Куманово. По укажаната помош, поради сериозноста на повредите, двајцата биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. На полноќ, на 16.08.2018 возачот М.А. починал, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.