Загина мoмче на „Егзит“- паднал од тврдината

Загина ммче на „Егзит“, паднал од тврдината

Момчето Никола С. (20) загина ноќта во петокот кон саботата, откако паднал од тврдината за време на одржување на фестивалот Егзит.

Организаторите на фестивалот истакнаа дека момчето загинало кога го напуштал фестивалот, далеку вон просторот каде што тој се одржува.

Портпаролката на Брзата помош во Нови САД, Мирјана Бурсаќ изјави дека лекарската екипа интервенирала на повик на полицијата кај ресторанот „Балкан експрес“, но оти можеле само да констатираат смрт кај момчето, кое паднало од тврдината.

hitna_pomoc_1

– Длабоко сочувствуваме со семејството на настраданото момче. Несреќниот случај се случил надвор од просторот на фестивалот, откако момчето го напуштило фестивалот. Судејќи според податоците за времето на влегување, тој мошне кратко се задржал на „Егзит“ и откако излегол се упатил надвор од фестивалскиот простор кон Каменички пат. Станува збор за осветлен простор на кој се наоѓа трајна ограда поставена пред повеќе години од страна на градските служби, кои управуваат со тврдината, а на крајот се наоѓа бедем висок околу 20 метри, се наведува во соопштението на организаторите.