Деветнаесет годишно момче загина во Подмоље

Девентаесет годишно момче синоќа го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа, која се случила во 1:30 часот по полноќ во близина на охридското село Подмоље.

До несреќата дошло кога возило од марката „Шкода“, управувано од сега починатиот, од непознати прични изгубило контрола и удрило во бетноски столб на надвозникот, а потоа и се запалило.

Екипи на Министерството за внатрешни работи извршило увид на местото на несреќата, а детали се најавени за во текот на денешниот ден.