Загина момче во сообраќајка на патот за Горна Матка

Тешка сообраќајна  несреќа се случила утринава околу 9.40 часот, на патот за Горна Матка, во која животот го загуби 23 годишно момче, објави „Прес 24“

Според информациите, несреќата се случила кога камион натоварен со дрва, управуван од С.А. изгубил контрола и се превртел. Во несреќата загинал сопатникот на С.А., Бесим А.
Возачот и другиот сопатник биле повредени и пренесени во болницата „8. Септември“.

Полицијата работи на расветлување на причините за несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.