Загина мотоциклист кај „Ѓавато“

На патот А3 Битола – Ресен, околу 900 метри од  старата чешма кај Ѓавато, синоќа во 19.10 часот,  се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби четириесет и пет годишен моторциклист од Битола.

До несреќата дошло кога се судриле  моторциклистот Гулевски, кој возел во правец Ресен кон Битола, со мотор марка „дукати” и патничко возило марка „мерцедес Е 290” управувано од Б.К (47) со вевчански регистерски таблички, што се движело во спротивен правец.

Според информации од битолската полиција моторциклистот починал на местото на несреќата, а патнците во автомобилот не биле повредени.

Веднаш по несреќата излегла  увидна екипа, а до 22 часот на овој патен правец сообраќајот бил блокиран и пренасочен по стариот пат Битола- Ресен.

Денеска ќе се врши обдукција на телото на починатиот.