Загина мотоциклист во Свети Николе

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 10 часот на патот Свети Николе – Куманово, загина 56 годишниот Марјанчо Д. од Свети Николе.

„Марјанчо Д. го управувал својот мотоцикл, а во критичниот момент на крстосницата не почекал да помине камион со штипски регистерски таблички, при што удрил во задниот дел на тешкото товарно возило“, информираат од полицијата.

Екипите на Министерството за внатрешни работи извршиле увид на лице место.