Загина пешак при сообраќајка во Стар Дојран

Загина пешак при сообраќајка во Стар Дојран
Загина пешак при сообраќајка во Стар Дојран

Сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице се случила вчера околу 14 часот во близина на населба Карач во Стар Дојран.

Автомобил „опел корса“ со светиниколски регистерски ознаки, управуван од Д.С. (25) удрил во пешакот Ристо Б.(77) од Гевгелија. Од незгодата истиот се здобил со повреди и бил пренесен во ЈЗУ-Гевгелија, а потоа и во ГОБ „8-ми Септември“ каде им подлегнал на повредите.

Од страна на ПС Гевгелија излезено е на местото на настанот, во близина на населба Карач во Стар Дојран и извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.