Спорт

Загина светскиот првак во борење носител на олимпискиот факел

Загина светскиот првак во борење носител на олимпискиот факел

Четирикратниот светски првак во борење со слободен стил Русинот Бесик Кудухов загина во сообраќајна несреќа во јужна Русија.

Дваесет иседумгодишниот Кудухов загинал на автопат крај градот Армавир возејќи се од Владикавказ до Каснодарск, објавија во неделата руските медиуми.

Во својата богата кариера Бесик Кудухов има четири светски и една европска титула, додека на Олимписките игри во Пекинг освои бронза, а на минатите Игри во Лондон – сребрен медал. Кудухов требаше да биде и еден од последните носители на олимпискиот факел за Зимските олимписки игри во Сочи.