Македонија,Крими хроника

Загина тракторист во прилепско

Загина тракторист во прилепско

Триесет и четири годишниот Горан Б. од прилепското село Секирци го загуби животот откако тракторот со кој управувал се превртел.

Несреќата се случила вчера околу 22 часот на локалниот пат село Ропотово-Прилеп кога Горан изгубил контрола над тракторот, по што се превртел.

Од здобиените повреди прилепчанецот починал на лице место.