Загина тракторист во Шашаварлија

Во штипското село Шашаварлија попладнево загина 59 годишниот Марјан А. Несреќата се случила откако од засега непознати причини се првретел тракторот со кој управувал.

Жителите на селото кои се обидувале да му помогнат, велат дека тој бил под една од тракторките гуми и дека бил жив додека го спасувале.

На местото на несреќата веднаш интервенирала екипа на Брзата помош, но поради тешките повреди со кои се здобил  во пределот на стомакот, починал на пат кон болницата.

Во извлекувањето на починатитот и на неговиот трактор учествуваа и пожарникарите од штипската Протвпожарна единица.

ФОТО: МИА

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.