Загина тракторист во сообраќајка кај Липец

Тракторист загина вчера откако со тракторот со кој управувал излетал од коловозот на локалниот пат с.Липец до крстосницата со Р-1304 во Виница, соопшти денеска МВР.

М.П. (51) од с.Липец, управувајќи трактор „ИМТ 533“ со кочански регистарски ознаки, излетал од патот и од здобиените повреди починал на местото на настанот. Увид извршила увидна екипа од полицијата од Виница, информира МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.