Загина жена во сообраќајка кај Кадрифаково

Д.С. (75) го загуби животот по сообраќајна несреќа која вчера околу 17:10 часот се случила на магистралниот пат Штип-Скопје, кај с.Кадрифаково.

Од МВР информираат дека Д.Д. (51) од Скопје управувајќи „дачија логан“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата сопатникот Д.С. (75) се здобила со тешки повреди, по што била пренесена во Клиничкиот центар во Штип, каде околу 19:20 часот починала, а кај Д.Д биле констатирани тешки телесни повреди, по што укажана му била лекарска помош во штипската болница и бил задржан на понатамошно лекување.

Полицијата извршила увид и работи на целосно расчистување на случајот.