Загинаа двајца Македонци во сообраќајка во Србија

Двајца Македонци загинале во сообраќајка во Србија, во близина на Пирот.

Според информации од српската полиција, загинале двајца, а повредени биле четворица, меѓу кои и шестгодишно дете. Станува збор за Македонци кои живеат во Бугарија.

До оваа сообраќајка дошло кога автомобилот „ауди“, во кој се наоѓале двајцата што загинале, при престигнување трактор со приколка, налетале на автомобил „фолксваген“ од спротивната страна.

Тројца патници од другото возило, турски државјани, се полесно повредени.