Загинаа татко, мајка и син во тешка сообраќајка на патот Кичево-Битола

При судар на две возила, „фолксваген- поло“ со кичевски регистерски таблички и „мерцедес“ со прилепски регистерски таблички, денеска во 13 часот, нс патот Кичево-Битола, кај селото Белица, загинаа мајка, татко и нивниот 24 годишен син, од едно кичевско село. Во несреќате се повредени и двајца од Прилеп.

Во несреќата се повредени и две лица од Прилеп, маж (31) кој е потешко повреден, а жена (30) која поминала со полесни телесни повреди. Двајцата се префрлени во кичевската општа болница.

Полицијата подетални информации најавува за утре.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.