Свет

Најмалку 18 војници загинаа во борбата против герилците на Филипините

Најмалку 18 војници загинаа во борбата против герилците на Филипините

Најмалку 18 филипински војници погинале денеска на југот на земјата во борбата со припадниците на бунтовниците на Новата народна армија.

Рикардо Висаја, генералот на филипинската војска, рече дека герилците ги нападнале припадниците на племето Манобо во провинцијата Агусан дел Сур и предизвикале конфликт во кој загинале 12 бунтовници и четири жители на селото Просперидад.

Генералот додаде дека војската ги поддржала племенските борци во борбата против маоистичките бунтовници.

Конфликтот избил додека Новата народна армија регрутирала борци меѓу припадниците на племето кои одбиле да им се прклучат на герилците.

Новата народна армија, повеќе од 40 години се бори за воспоставување на комунизам на Филипините.