Загинати 89, ранети 630 Палестинци во борбите во Газа

Од почетокот на израелската воена операција „Заштитен појас“ на појасот Газа загинале 89 Палестинци, а 630 се ранети, соопштиле вчера палестинските медицински извори.

Бројот на загинатите се поклопува со податоците кои неколку часа порано ги изнел генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, но бројот на повредените лице е двојно поголем.

Израеслкиот премиер Бенјамин Нетанјаху после маратонскиот состанок за безбедност во владата најавил дека кампањата за сопирање на ракетните напади од Газа ќе се продолжи и прошири.

Тој рекол дека операцијата напредува како што е планирано и дека се очекуваат уште фази. Ниту тој, ниту израелскиот министер Моше Јалоон меѓутоа, не наговестиле кога и дали ќе се тргне во копнена офанзива. Нетанјаху исто така не кажал кои чекори би требало да и превземе другата страна за Израел да ја запре таа операција.

Еден неименуван претставник повторил дека не важи мотото од пред една недела „затишје за затишје“ Палестинскиот претседател Махмуд Абас рекол дека Израел ќе покрене копнена офанзива за неколку часови, бидејќи им пропаднале напорите да се запрат судирите.