Загинати мигранти во сообраќајка кај Ниш, 10 повредени

ниш

Несреќата се случила околу 4 часот близу село Дражевац, кога автомобил „Пасат” во кој илегално се превезувале 12 мигранти, удрил во заштитната ограда и се превртел. Повредените со возило од Брзата помош биле префрлени во болница во Ниш.

Мигрантите се од Сирија, Авганистан и Ирак.

– Некои од нив се уште се во животна опасност, а на еден му се ампутирани нозете, изјави директорот на нишката Служба за брза помош, Миодраг Лазиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.