Загинати седум Украинци за 24 часа

Украинските сили на безбедност, кои во судирите со проруските активисти на истокот на земјата, денеска соопштиле дека седум Украинци загинале во последните 24 часа.

„Седум припадници на нашите сили, меќу кои пет војници, еден цариник и еден полицаец се убиени а 33 војници се повредени во различни зони кои ги гаѓаат сепратистите“ рекол портпаролот на украинската восјка Олексиј Дмитачкивски.

Украинската војска се обидува да направи обрач околу Доњецк и Луганск, кадешто се наоѓаат проруските активсти кои рекле еека се репени да се бранат.

Повеќе од 20 украински војници загинале вчера на подрачјето на Луганск.

Украинскиот претседател Петро Порошенко рекол дека бунтовниците кои се одговорни за смртта на украинските војници ќе „бидат идентификувани и елиминирани“.