Над 60 загинати во судирите меѓу авганистанските власти и талибанците

Над 60 загинати во судирите меѓу авганистанските власти и талибанците

Авганистанските сили за безбедност одбија напад на талибанците врз аеродромот во Кандахар, при што во судирите загинаа над 60 лица.

Судирите траеле над 24 часа и вчера завршиле, а загинале 38 цивили, меѓу кои жени и деца, десет авганистански војници и двајца полицајци, објавило авганистанското Министерство за одбрана.

Сите 11 талибанци кои учествувале во нападот биле ликвидирани.

Нема жртви меѓу силите на меѓународната коалиција, распоредени во базата на ИСАФ, во регионот на аеродромот.