Заговорниците на „Брегзит“ со кампања: Стигаат Србија, Македонија, Црна Гора, Албанија и Турција во ЕУ

Заговорниците на излегувањето на Велика Британија од ЕУ со кампања ги плашат со фактот дека еден ден во Унијата ќе се најдат и Србија, Македонија, Црна Гора, Албанија и Турција, пренесува српски „Блиц“.

На помалку од еден месец до реферндум, движењето „Vote leave“, чиј член е и поранешниот градоначалник на Лондон Борис Џонсон направи пропагандни плакати што на големо се споделуваат на социјалните мрежи, а на нив се наоѓаат земјите од Балканот што чекаат на прием во ЕУ.

На постерот е девојка што загрижено се држи за глава, не верувајќи кој се сака да влезе во ЕУ, а покрај сликата стои текстот: „Албанија, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција се придружуваат во ЕУ. Сериозно?“.