Загреб прогласен за втора најдобра дестинација во Европа

На натпреварот за најдобра светска дестинација на порталот „Еуропиан Бест дестинејшн“, хрватската престолнина го зазеде второто место зад Порто, во силна конкуренција меѓу која биле градовите како што се Амстердам, Виена, Берлин, Барселона, Берген, Будимпешта, Кан, Глазгов, Никозија, Лондон, Мадрид, Милано, Париз, Женева, Рим, Стокхолм…

Оваа европска непрофитна организација со седиште во Брисел е основана со цел да ја промовира културата и туризмот во Европа.

Добитниците на овие епитети ќе имаат повисок имиџ, а со тоа ќе станат и поатрактивни за туристи од целиот свет.

Туристичката заедница на Загреб е исклучително задоволна од постигнатиот успех кој што покажува дека не само фелата, туку и целокупната јавност ќе ги препознае одличјата на Загреб и го цени овој резултат како посебно признание за труд и професионална работа вложена во промоција на Загреб како туристичка и конгресна дестинација.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.