Загрепски „Керемпух“ гостува во Драмски театар

Театарот „Керемпух“ од Загреб денеска и утре ќе гостува во Драмски театар-Скопје.

На сцената на Драмски театар вечер ќе биде изведена претставата „Јазовец во Керемпух“, авторски проект на хрватскиот режисер Оливер Фрљиќ.

Се работи за хит-претстава  на театарот „Керемпух“, актерски и тематски споени четири стендап настапи.

Во претставата „Јазовец во Керемпух“ играат: Хрвоје Кечкеш, Вилим Матула, Борко Периќ и Ракан Рушаидат.

На 3 февруари, пак, првпат во Македонија ќе биде изведена претставата на македонскиот режисер Александар Поповски „Да живее Хармс! Чудата постојат“.

– Претстава која прашањата на апсурдот, пародијата и на хуморот воопшто не ги третира еднодимензионално, вкалапено и предвидливо. Возбудлив театар кој се впушта во ризик, во своевидна авантура, театар кој произведува неочекувани резултати, соопшти Драмски театар.

Во претставата „Да живее Хармс! Чудата постојат“ играат: Линда Бегоња, Иван Ѓуричиќ, Тарик Филиповиќ, Хрвоје Кечкеш, Лука Петрушиќ, Маја Посавец, Ракан Рушаидат, Бранка Трлин и Миа Аночиќ Валентиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.