Загриженост во FBI од точноста на републиканскиот извештај

Американската сојузна полиција Федералното биро за истраги (FBI) во средата се спротиставува на објавувањето на доверливиот паралемтарен извешта којшто, како што тврдат неговите републикански автори, открува дека оваа безбедносна агенција и министерството за правда биле пристрасни против актуелниот претседател Доналд Трамп.

Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом, со којшто претседава републиканецот Девин Нунес, го одобри во понеделникот ноќта објавување на документот на честири страници, и покрај противењето на министерството за правда и FBI кои тврдат дека тој извештај може да содржи чувствителни информации за американските контраразузнавачки операции.

„Како што кажавме во првата истрага, многу сме загрижени поради конкретното изостанување на фактот коешто битно влијае на точноста на извештајот“, се наведува во соопштението на FBI во кое се истакнува дека имал „ограничен пристап“ до документот.

Белата куќа во моментов ја проучува содржината на извештајот пред да одлучи дали тој ќе остане таен, но шефот на кабинетот на престедателот Џон Кели изјави во среда Fox News дека „наскоро ќе биде објавен (…) и сите ќе може да го видат“.

Според републиканецот Марк Медоус, извештајот би можел да открие „владини злоупоптреби во прислушувањето“ во текот на истрагата на разузнавачките агенции кои заклучиле дека наводно Москва во американската предизборна кампања.

Демократите коишто се противат на објавувањето на извештајот и кои составија документ во кој го истакнуваат „руското мешање“, сметаат дека комисискиот извештај индиректно се сака да се дискридитира една друа истрага, многи понепријатно за претседателот, која во мај 2017 година ја започна специјалниот обвинител Роберт Мјулер за наводниот договор на кампањата на Трамп и Москва за влијание врз кампањата.