Загрижувачки тренд: Млади девојки се опиваат преку тампони

Не е никаква новост дека младите се порано и се повеќе почнуваат да консумираат алкохол. Но, она што е нови и што уште повеќе загрижува, е што во последно време меѓу младите девојки се шири тренд младите девојки да се опиваат преку тампони натопени во алкохол.

Овој тренд е многу популарен во Хрватска. За Гласот на Славонија раскажува една мајка на тинејџерка, пренесува Република.

Бев изненадена кога ќерка ми почна да ми раскажува какви искустvа имаат нејзините другарки. Девојките користат нова техника за опивање, која има голем учинок. Потопуваат хигиенски тампони во вотка и потоа ги користат. Така алкохолот влегува директно во крвта и побрзо опијанува, раскажува мајката.

Овој начин на опивање е фантастичен, како што велат девојки кои го користат, затоа што е совршена камуфлажа, девојката делувс пристојно затоа што во кафуле нарачува сок, здивот не мириса, а тампонот невидливо си го одработува своето.

Гинеколозите се многу загрижени, затоа што девојките на тој начин ја оштетуваат слузокожата на вагината, што е добра подлога за инфекции, а потоа и за неплодност.

Хрватските тинејџери предничат во пушењето цигари и марихуана, а и во прекумерното опивање за разлика од нивините врсници во ЕУ, покажува псоледното истражување спроведено во 40 земји од Европа и светот.