Загрозен имиџот на Финска

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ ги намалила прогнозите за рејтингот на Финска на „негативни“, со што ќе и’ го загрози имиџот на земјата.

Оваа одлука „СиП“ ја донесе поради „длабоките структуни демографски и економски неурамнотежености кои што ги загрозуваат настојувањата на владата да постигне фискална консолидација“.

Финска беше земја која долго време се гордееше со тоа што има екстремно строго фискално раководство благодарение на кое никогаш не ги прекрши фискалните прописи на Европската унија. Сепак, во своите оценки, „СиП“ наведува дека бруто домашниот производ на Финска најверојатно ќе забави за 1,4 отсто во 2013-та година наместо претходно прогнозираните 0,5 отсто.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.