Загрозена безбедноста на Американците во Саудиска Арабија

Американската Амбасада во Ријад ги повика своите државјани да преземат мерки на претпазливост поради се поголемите безбедносни закани во Саудиска Арабија и додава дека нема да работи денеска и во понеделник, објави МИА.

Граѓаните на САД кои патуваат во Саудиска Арабија се советувани да бидат внимателни, но Амбасадата не потенцира за какви безбедносни ризици станува збор.

Во следните два дена во американските конзуларни одделенија во Саудиска Арабија ќе биде присутен само неопходен персонал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.