Загрозени податоците на четири милиони службеници во САД

Агенцијата на американската влада која ги собира и управува со податоците за федералните службеници (ОПМ) соопшти дека поради пропустот во кибер безбедноста загрозени се податоците на четири милиони луѓе.

Агенцијата соопшти дека поради овој пропуст загрозени се податоците на сегашните и поранешните вработени во федералните служби, јавува Ројтерс.

Американските власти се сомневаат дека овој кибер напад потекнува од Кина.

Пропустот во кибер безбедноста бил забележан пред околу две недели и оттогаш се води истрага, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на сопствени информации.