Загубете го вишокот килограми брзо и лесно!

Не е задолжително да држите ригорозна диета и да правите исцрпувачки вежби за да ја доведете фигурата до совршенство.

Националниот институт за здравје во САД се занимавал со анализа на различни навики во исхраната со ист внес на калории и утврдувањето дали тие влијаат врз губењето килограми.

Во текот на истражувањето, научниците набљудувале 21 гојазна личност на возраст помеѓу 18 и 40 години, кои пред се на почетокот во просек загубиле 10 до 15 проценти од телесната тежина, што изнесувало околу 14 килограми.

Откако нивната тежина се стабилизирала, секој од испитаниците почнал да следи режим на една од трите диети во период од четири недели, а биле во прашање следните режими на исхрана:

-Диета со помалку масти

-Диета со помалку јаглени хидрати

-Диета со низок гликемиски индекс, која вклучува внес на здрави масти и интегрални житарки.

Исхраната со низок внес на јагленохидрати се покажала како најефикасна.

Во сите три диети испитаниците внесувале иста количина на калории, а резултатите ги изненадиле истражувачите. Групата која внесувала помалку јагленохидрати, потрошила дополнителни 300 калории дневно, во однос на испитаниците кои биле на диета со помалку масти.

А дури и луѓето кои земале храна со низок гликемиски индекс загубиле дополнителни 150 калории во однос на групата на диета без масти.

Едно од можните објаснувања е фактот дека овие два типа на диета не предизвикуваат огромен раст на шеќер во крвта и дека помалиот внес на јагленохидрати го поттикнува вашиот метаболизам подобро да функционира.

Доколку сакате вашето тело да има поголема мускулна маса, тогаш најдобар начини е да го намалите внесот на јагленохидрати.