Захариев ги посети децата од дневниот центар за посебни потреби

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев  ги посети децата од дневниот центар за посебни потреби кои учат пливање на градскиот базен.

Дневниот центар за деца со посебни потреби заеднички со пливачката школа „Партизан 2012“ и инструкторите Мирко Јакимовски и Методи Петров започнаа проект со кој и тие ги изучуваат водените спортови. За прв пат, штитениците на центарот имаат можност да се радуваат на летото како и другите деца користејќи ги поволностите на градскиот базен:

– Посебно ми е мило што децата со посебни потреби се дел од она што за многу деца во градот е секојдневие. Ова е многу убава работа и овие деца, заради нивните здравствени проблеми, тие не можат да ги почуствуваат раодстите на летото. Овде сум да им дадам подршка и да ги охрабрам да продолжат со вакви проекти а догодина и да посетат некое наше одморалиште во Охрид, Преспа или Дојран за да почуствуваат дека се дел од нас и дека се грижиме за нив, изјави градоначалникот Захариев.

zahariev-deca

Дејан Здравков, од дневниот центар е задоволен од тоа како се одвива проектот и од престојот на децата на базенот:

– Ова е веќе петта недела како нашите штитеници се на нашиот градски базен,го реализираме проектот за изучување на пливачки вештини. Децата се во рацете на порфесионалци, во сигурни раце и се надевам дека оваа година ќе направиме и подготовки за следната година истиот овој проект да се реализира и во некој наш туристички центар.

Ова е прв пат да биде спроведен ваков проект за што голема заслуга имаат и инструкторите од пливачката школа „Партизан 2012“.