Захариев: Општина Штип ќе доделува еднократна помош во висина од 6.000 денари за секое новороденче

Посветеноста во моето работење, секојдневното ангажирање но и грижата за сите граѓани во нашиот град е мој апсолутен приоритет и всушност идеите на граѓаните ги реализирав во претходните четири години, вели кандидатот за градоначалник за Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илчо Захариев.

„Вашите предлози беа мои проекти и тие ги гледате насекаде на улица, во секоја населба, покрај секоја зграда во целиот град, едни од најважните приоритети во моето работење во иднина ќе биде во делот на наталитетот. Општината ќе стимулира да се раѓаат деца во Штип, а тоа ќе го правиме на тој начин што ќе даваме околу 6 илјади денари за секое новородено дете. Всушност тоа го работев и во претходните четири години, но помошта беше упатена само кон социјалните семејства и ранливите групи. Бидејќи во нашиот град се раѓаат некаде околу 500 деца секоја година, сите мајки ќе добијат еднократна поддршка од шест илјади денари“, потенцираше Захариев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.