Захариев: Во Штип ќе се отворат 10 нови фабрики како и многу нови работни места

Направивме повеќе од 20 проекти за населеното место Три чешми во изминатите четири години, а ќе направиме и многу повеќе, ќе изградиме спортска сала, ќе го асфалтираме патот до градските гробишта, новата индустриска зона ќе го добие новиот ДУП и нови 10 фабрики, а тоа значат и нови работни места во Штип, ова го потенцираше кандидатот за градоначалник на Штип Илчо Захариев на денешната средба со граѓаните.

„Нашата визија е нашите луѓе да бидат насмеани и среќни, да отвораме нови работни места и вие да бидете тие кои ќе работите овде и да останете во вашата населба, бидејќи поголемиот дел потекнувате од Егејскиот дел на Македонија и бидејќи мојот против кандидат рече дека тие што се дојдени во Штип не се добредојдени недај боже од 1948 до 1952 година тој да беше градоначалник на Штип, ниту еден Егеец немаше да прими во Штип, ете тоа се тие луѓе од СДСМ. Се закануваа, подмитуваа и што се не направија во изминатиот период, цела Влада беше во нашиот град и вечерта на 15 октомври тие плачеа, а ние бевме горди затоа што ги победивме“, рече Захариев.

Додаде дека во недела на 29-ти октомври сите граѓани без разлика на вера и нација треба да им покажат каде е браникот на слободата и да ја одберат програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.

„Штип е град со богата историја и традиција, град каде што нема настан во минатото и сегашноста а да не е поврзан со Штип. Сите премиери на Македонија биле од Штип, а еден од нив е и Никола Груевски, половина министри биле од Штип, половина директори биле од овој град и 400 милиони евра владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестираше во Штип, а тие ниту еден денар, а нема ниту да инвестираат во иднина“, потенцираше Захариев.