Захариева: Реално е Македонија годинава да добие покана за почеток на пристапните преговори со ЕУ

Реално е годинава Македонија да добие покана за почеток на пристапните преговори со Европската унија, изјави во саботата министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева за мрежата Дарик.

Шефицата на бугарската дипломатија, сепак, истакнува два услова за остварување на ова: напредокот на преговорите за името на земјата со Грција, којашто е членка на ЕУ, и реформската агенда.

Потсетува дека Македонија е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, но нејзината политика за нерешавање на проблемите со соседите довел до фактот дека веќе дванаесет години преговорите не започнале.

„Мило ми е што македонската влада сфати дека политиката ‘против’, не е политика на европските вредности“, додаде Захариева.

Го посочува потпишувањето на Договорот за добрососедство со Македонија како настан на 2017 година.

„Навистина, многу влади претходно работеле на оваа сага и многу ми е драго што конечно дојде до крај. Но, уште поважно, овој договор се уште е во сила пред да стапи на сила. Јас лично не можев да замислам двајцата премиери, на пример, да одат на споменикот на цар Самуил во Софија или на споменикот на Гоце Делчев во Скопје. И оваа промена во ставот на политичко ниво се чувствува и кај луѓето“, смета Захариева.