Захарова му одговори на Трамп: „Паметните“ ракети ќе ги прикријат трагите и доказите во Сирија

Американските „паметни ракети“, за коишто зборува претседателот Доналд Трамп, може да ги уништат сите докази за тоа дали и кој навистина користел хемиско оружје во Сирија, возврати портпаролката на министерството за надворешни работи, Марија Захарова.

Захарова оваа изјава ја даде откако Трамп на Twitter напиша дека Русија треба да се подготвува да ги соборува ракетите коишто ќе бидат лансирани врз Сирија, коишто ќе бидат „фини, нови и паметни“.

„Паметните проектили треба да летаат кон терористите, а не кон легитимната влада, којашто веќе неколку години се бори со меѓународниот тероризам на својата територија“, напиша Захарова на Fаcebook.

„И инспекторите на OPCW (Организацијата за забрана на хемиското оружје – з.р.), сега предупредвуаат дека паметните ракети ќе ги уништат сте доказио за примена на хемиското оружје на теренот?! Или, пак, целата идеја се состои во тоа брзо да се прикријат трагите за провокацијата со удари со паметни ракети, и нема да има по што да трагаат меѓународните инспектори како доказ?“, додава Захарова.

Претходно во средата откако рускиот амбасадор во Либан. Александар Засипкин изјави дека неговата земја е подготвена да го уништи секој проектил кој леат кон Сирија, на Twitter американскиот претседател ѝ порача на Русија да се подготви за американските ракети.

„Русија ветува дека ќе ги собори сите ракети истрелани кон Сирија. Подготви се Русија, зашто тие ќе долетаат – убави, нови и паметни“, напиша Трамп прекорувајќи ја Москва за поддршката на сирискиот претседател Башар ал-Асад за кој вели дека „го труе својот народ со отровен гас и го прави тоа со уживање“ и оценувајќи дека односите меѓу двете земји се полоши и од периодот на Студената војна.

Во понеделникот Трамп се закани дека ќе преземе силни воени мерки во следните 24 до 48 часа против сириската влада поради наводниот напад со хемиско оружје во Дума за кој без докази Западот го обвинува Дамаск.

Сириските власти, пак, негираат дека имаат улога во оваа „провокација“ бидејќи немаат потреба откако најголемиот дел од исламистичките борци на групацијата Џаиш ал-Ислам се соглесија со владата во Дамаск да се префрлат во северните покраини кои уште се под контрола на бунтовниците.

Руското министерство за надворешни работи дека наводниот хемиски напад е само провокација која оди во прилог на терористите и служи за оправдување на можните надворешни нападо врз Сирија за да се спречи Џаиш ал-Ислам целосно да ги загуби позициите во близина на сириската престолнина.

Уште на 13-ти март Генералштабот на вооружените сили на Русија објави дека се бунтовниците подготвуваат провокација во провинцијата Источна Гута со исценирање хемиски напад. Руските офицери уште тогаш објавија дека оваа провокација САД ќе ја искористат да оправдаат напад врз Сирија.