Захенбахер падна на допинг тест

Организаторите на Зимските олимписки игри во Сочи објавија дека еден спортист е позитивен на допинг тест, а потоа го објавија и името. Се работи за германската бијатлонка Ева Захенбахер Штеле, која за малку остана без медали во две натпреварувања. Таа заврши на четвртото место во трката на 12,5 километри масовен старт, а беше дел и од штафетата на Германија, која исто така се пласираше на четвртата позиција.

Што се однесува до Германката Ева Захенбахер Штеле, се уште се очекуваат резултатите од Б-примерокот, по што ќе има и официјална потврда, или демант, од страна на Меѓународниот Олимписки Комитет. Доколку се покаже дека е позитивна и на Б-тестот, тогаш нејзините резултати ќе бидат поништени, а таа ќе добие и казна од ИОК.