Македонија,Крими хроника

Зајакната сообраќајна контрола, санкционирани 160 возачи

Зајакната сообраќајна контрола, санкционирани 160 возачи

Вчера од страна на СВР Скопје беше спроведена зајакната сообраќајна контрола при што санкционирани се 160 возачи.

Кај седум возачи е утврдено дека возеле под дејство на алкохол, на осум лица им била истечена сообраќајната дозвола, a без возачка управувале седум возачи. Четири возачи биле казнети бидејќи поминале на црвено светло, 43 возачи  возеле со брзина над дозволената, 17 возачи  управувале возило со над 90 км на час во населено место, и кај еден возач е констатирано дека непрописно престигнувал. Казнети се и тројца возачи за неотстапување на првенство на минување, 12 возачи за некористење сигурносен појас и зборување на мобилен телефон.

Во рамки на контролата се казнети и четворица пешаци кои не ги почитувале сообраќајните знаци и прописи.

Пајакот дигнал вкупно 63 возила, а во голема мера причина за истото било попречувањето на нормалното движење и одвивање на сообраќајот, додека пак пет од возилата биле паркирани на автобуска постројка, зона за паркирање, крстосница или пешачки премин.

МВР и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајки и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел бројот на истите да се намали.