Зајакнати безбедносни мерки на германските аеродроми

По терористичкиот напад во Брисел, германските власти максимално ги зајакнаа мерките на аеродромите во земјата.

Сите вработени на аеродромите се информирани за зголеменото ниво на безбедност, а на помош се повикани и дополнителен број вработени од безбедносните служби, придружени со кучиња за откривање на експлозиви, информира портпарол на федералната полиција.

– Со оглед на тоа што постојано се соочуваме со опасни ситуации на аеродромите, добро сме подготвени, изјави претставник на федералната полиција за весникот „Билд“.

Една од мерките за безбедност што е преземена утринава по терористичките напади во Брисел е и пренасочување на летовите на т.н. алтернативни аеродроми како Дизелдроф, каде што денеска биле пренасочени два лета од други дестинации.

Според портпаролите на двата берлински аеродроми „Тегел“ и „Шоненфилд“, денеска се откажани сите летови за Брисел на барање на авиокомпаниите.

Летовите за Брисел се откажани и од Хамбург, а до пладне се откажани и пет лета до и од Михнен, по што авиациските власти треба да одлучат за останатите летови кон белгискиот главен град.