Зајакнати безбедносните мерки на словенечко-хрватската граница

Словенечката Влада спроведува зајакнати мерки, вклучително и ја обновува жица на границата со Хрватска, поради стравување од зголемен бран на мигранти.

Поради страв од зголемен број на мигранти и ако Австрија го затвори граничниот премин со Италија, словенечката Влада спроведува интензивни активности за подготвена да ја дочека ситуацијата, вклучително и обнова на жицата на границата со Хрватска. Се водат координативни состаноци од врвот на Владата па се до оперативните служби, објави љубљанскиот весник „Дневник“.

Неименуван извор тврди дека словенечката Владата од мај има план кој предвидува десетина можни сценарија, засновани на искуствата кога низ Словенија поминаа повеќе од половина милион бегалци.

Исто така се подготвени повторно да се стават во функција бегалските центри во Добови, Шентиљ и Лендави, каде минатата година беа прифатени најголем број мигранти.

Последните недели во Словенија регистрирани се повеќе групи илегални мигранти од кои некои се вратени, а дел побараа азил.