Зајакнете го имунитетот со оваа витаминска бомба

Оваа вкусна витаминска бомба може да се направи многу лесно со состојки кои можете да ги купите во најблиската продавница за „здрава храна“ или на пазар. Доколку имате можност да користите домашни производи тоа би било уште поубаво.

Потребни состојки:

-100 грама суви кајсии

-50 грама аронија

-100 грама суви смокви

-200 грама суви сливи

-1 среден корен од ѓумбир

-100 милилитри свеж лимон

-100 грама бадеми

-100 грама ореви

-50 грама лешници

-50 грама брусница

-3 лажици мед со прополиц и матичен млеч

-250 грама мед

Сите состојки сипете ги во стаклен сад, а сливите, кајсиите и смоквите исецкајте ги. Лешниците, бадемите и оревите посебно измелете ги. Помешајте ги сите состојки, додјате ги сокот од лимон и ѓумбир кои претходно сте ги измиле и изрендале. Прелијте со мед и измешајте со жица за матење.

Мешавината ставете ја во стаклена тегла и ставете ја да стои неколку дена пред да почнете да ја конзумирате. Оваа витаминска бомба можете да им ја давате и на децата постари од две години, по една кафена лажичка наутро, а на поголемите деца во зависност од возраста можете да им давате и во поголема лажичка.