Зајакнувањето на франкот – политика за намалување на имиграцијата

По одлуката на Народната банка на Швајцарија да отстапи од одбраната на курсот на својата национална валута на ниско ниво и наглото зајакнување на франкот следеа голем број дискусии и размислувања за тоа како понатаму. Политичарите веруваат дека силниот франк ќе влијае на имиграцијата во Швајцарија, а други сметаат дека трендот на зајакнување на валутата ќе продолжи, па околу ова прашање политичарите неможат да се сложат, јавуваат медиумите во Швајцарија.

И експертите и политичарите се сложуваат дека зајакнувањето на франкот ќе има разни ефекти, но сеуште никој со сигурност не може да каже во кој правец тоа ќе се одвива. На Твитер се огласи и националната советничка на СП Сузана Лаутенгер Оберхолзер и помалку цинично праша:

„Дали е ова парадоксална интервенција од страна на швајцарската Народна банка во врска со имплементацијата на масовната имиграциона иницијатива?“

Националниот совет е уверен дека невработеноста ќе се зголеми, а со тоа ќе се намали имиграцијата во Швајцарија. Посебно ќе бидат погодени секторите туризам, услужните дејности и индустрискиот увоз во рамки на кои работат голем број странци кои повеќе не би биле потребни во случај на затворање на работните места.

„Швајцарија не е остров и укинувањето на минималниот курс на еврото покажа дека сега повеќе од било кога сме зависни од влезот на единствениот европски пазар, вели националниот советник на ФДП, Руеди Носер. Наместо грижата за влијанието на имиграцијата, тој очекува дека политичарите ќе создадт уште подобро окружување за земјоделството и економијата и дека ќе ги укинат ригидните квоти кои претставуваат препрека на патот кон подобрувањето на условите на пазарот на труд.

Националниот советник во Советот за надворешни работи Герард Пфистер се сложува со ова и додава:

-Сосема е можно дека некои компании сега ќе го префрлат своето производство во странство, затоа што тоа ќе им донесе корист и пониски трошоци. Тоа ќе го намали миграциониот притисок врз Швајцарија, вели Пфистер.

Но, националниот советник во Советот за надворешни работи, Тоамс Аеши има спротивставено мислење. Тој не верува дека имиграцијата ќе се намали поради силниот швајцарски франк, напротив:

-Минатото ни покажа дека мигрантите и понатаму се тука и во тешките економски времиња,вели тој мислејќи на финансиската криза во 2008 мата година. Пред се се мисли на граѓаните од околните земји кои што можат да дојдат во Швајцарија, „да го соберат кајмакот“ и да заработат многу пари.

-Во нивната татковина тие ќе профитираат и ќе имаат поголема куповна моќ, додава тој.

Тоа е токму она што Советот за надворешни работи сака да го спречи со имиграционата иницијатива поради што оваа доследна примена по одлуката на швајцарската Народна банка стана уште поважна за Советот за Надворешни Работи. Според нив „волјата на народот од 9-ти февруари 2014 околу ограничувањето на доселувањето во Швајцарија не е спроведена“.

За Гилберт Касасус, професор по европски студии на Универзитетот во Фрајбург и двете сценарија, што се однесува до странците во оваа ситуација се и можни.

– Оваа одлука секогаш има двонасочен ефект – ако Швајцарија западне во рецесија, тоа секако ќе се одрази врз различни сектори, како што се туризмот, услужните дејности и индустрискиот извоз, на кои ќе им бидат потребни помалку работници, а Швајцарија потоа ќе се обиде да ги пополни овие позиции со своите државјани. Од друга страна силниот франк ќе биде уште поатрактивен мотив за странците да дојдат во Швајцарија, посебно во високо специјализираните сектори кои и понатаму и се потребни на земјата, вели Касасус.

фото: xm.com