Закана со бомба: Евакуирани 3.000 луѓе од три железнички станици во Москва

Околу 3.000 луѓе се евакуирани од три железнички станици во Москва- Казанска, Јарославска и Ленинградска, поради анонимен повик дека на нив има поставено бомби.

– По повик дека на железничките станици се поставени бомби, евакуирани се по илјада луѓе од Казанска и Ленинградска железничка станица, додека од Јарославска се евакуирани 750, наведе извор од руските безбедносни служби.

1049001535

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.