Закана со опожарување продавница за глас во општински совет

Две непознати лица уценувале сопственичка на продавница, заканувајќи се со фрлање на молотови коктели врз нејзиниот објект доколку нејзината ќерка не гласа во советот на скопската општина Гази Баба за спротивната политичка опција, информира во саботата Министерството за внатрешни работи

Инцидентот се одигра во летокот околу 17 часот во Скопје, кога 44-годишната И.Т. пријавила дека во нејзината продавница во населбата Ќерамидница дошле две непознати лица на возраст од околу 50 години со патничко моторно возило „мерцедес“.

Според пријавеното, едно од лицата ја побарало 26-годишната З.Т., ќерка на И.Т., за, како што рекло, според пријавеното, да се договори со неа за гласање во Советот во општина Гази Баба, а за тоа понудил помош околу семејниот бизнис и поубаво работно место за З.Т.

Во спротивно, според пријавеното, лицето се заканило дека ќе фрлело молотов коктел во продавницата. На лице место се упатени полициски службеници од ПС-Гази Баба и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението на МВР.

Претходно од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека споменатите закани и уцени биле упатени на сметка на советничка од оваа партија во советот на општина Гази Баба.