Закана за бомба во авион на „Туркиш ерлајнс“

Турската полиција попладнево евакуираше 134 патници и членови на екипажот од авион на „Туркиш Ерлајнс“ на аеродромот „Кемал Ататурк“ во Истанбул, поради сомнеж дека во леталото е поставена бомба.

Евакуацијата е спроведена откако на вратата од еден од тоалтите во авионот била пронајдена белешка на која стоело предупредување за поставена бомба, пренесува МИА.

Веднаш по евакуацијата на патниицте и членовите на екипажот, припадници на антитерористичката единица на турската полиција започнаа со проверка на леталото.

Авионот требало да полета од Истанбул кон градот Кајсери во цнетрална Турција.

Ова не е прв случај за закана за поставена бомба во авион на „Туркиш Ерлајнс“, но сите досегашни се покажаа како лажни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.