Закана за напади врз полицајци во Англија

Полицијата во реонот на Бирмингем и областа Западен Мидлендс е ставена во состојба на зголемена готовност, откако е примена закана за киднапирање и убивање на полицајци во овој дел од Велика Британија.

Претставник на полицијата во овој втор по големина британски град потврди дека синоќа била примена анонимна закана, за која е отворена истрага што ја води единицата за антитероризам.

Овој претставник изјави дека одлуката за зголемената готовност и за засилување на безбедносните мерки за заштита на припадниците на полициските сили е ваднаш донесена и таа е во сила од ноќеска.

На полицијците им е советувана максимална претпазливост при извршување на секојдневните работи, како и да не ја носат униформата додека патуваат кон работа или кога се враќаат дома.

Помошник командантот на полицијата во Западен Мидлендс, Гари Форсајт изјави дека анонимната закана е сфатена „крајно сериозно“, но тој ја смирува јавниста, тврдејќи дека за неа нема никаква потврда.

Во октомври годинава,безбедносната ситуација во земјата беше оцената како влошена, па беа зголемени и мерките за безбедност со определување на заканата од терористички напад како „непосредна“.

Во 2008 година полицијата во Бирмингем откри и уапси една група исламистички милитанти, кои подоцна беа осудени за заговор за киднапирање и обезглавување на еден британски војник.

Зголемените мерки на безбедност на полицијата засега се однесуваат само на Западен Мидлендс и Бирмингем, соопшти претставник на Скотлан Јард во Лондон.

Во Бирмингем живее бројна азиска и муслиманска заедница, а во овој дел на земјата досега се откриени и разбиени повеќе исламистички ќелии и групи, осомничени за потикнување или за подготвување на терористички активности.