Свет

Закана за обезглавување и на југот на Филипините

Закана за обезглавување и на југот на Филипините

Закана за обезглавување на двајца Германци кои се киднапирани од страна на милитантнaта муслиманска група Абу Сајаф, која делува на југот на Филипините.

За животот на Германците оваа група бара до 10 – ти октомври да им бидат исплатени 250 милиони пезоси (околу шест милиони долари).

Абу Сајаф се закани дека ќе ги обезглави овие двајца, но и други Германци, ако Германија ги поддржува воздушните напади на САД врз упориштата на Исламската држава во Сирија и во Ирак.

На снимка објавена на сајтот „Ворлд анализес’’ во придружба на вооружени и маскирани припоадници на Абу Сајаф се прикажни германските државјани Штефан Виктор Оконек (71) и Херике Дајсен (55), кои беа киднапирани во април годинава кога со јахта пловеле во близина на островот Палаван. Тие тргнале од малезиската провинција Сабах, а празната јахта ја пронашле рибари од Филипините.