Заканата за бомба на аеродромот во Женева лажна

Заканата за поставена бомба на аеродромот во Женева се покажа како лажна, соопшти локалното обвинителство.

Претходно денеска, женевската полиција покрена серија мерки за контрола на подрачјето околу аеродромот во градот, откако добила информации за можна закана.

Раководството на женевскиот аеродром наведува дека мерки се преземени откако добиле анонимен повик за опасност, но не изнесоа повеќе детали за случајот.